ПОВЕЌЕ

    На јавна понуда ќе се продаваат 558 сопствени акции на Комерцијална банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка ќе објави продажба на 558 сопствени акции. Вкупниот номинален износ е 558 илјади денари. Продажбата ќе се изведе по пат на јавна понуда, за што е добиено одобрение од Комисијата за хартии од вредност.

    Продажбата ќе се реализира согласно моделот на одредување минимална цена, но приоритет ќе имаат налозите со повисока цена, помала количина и порано време на внес на налог. Јавната понуда ќе се смета за успешна ако во предвидениот рок од 30 календарски дена од денот на започнувањето на продажбата се продадат најмалку 60 отсто од понудените сопствени акции.

    Оваа активност Комерцијална ја врши заради исполнување на законската обврска за оттуѓување на сопствени акции во утврден рок.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично