ПОВЕЌЕ

    Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

    Време зa читање: 2 минути

    Празничната сезона е време за радост, подароци и вкусни моменти со најблиските. За вашето празнично пазарување да биде уште поедноставно и поубаво, Тинекс, заедно со мрежата на Конто маркети и Mastercard, подготвија посебна кампања што ќе ви овозможи брзо, практично и иновативно пазарување – токму онака како што заслужуваат празниците.

    Со посветеност на постојано подобрување на купувачкото искуство, Тинекс инвестира во модерни решенија за брзо, практично и иновативно пазарување. Во оваа насока, во соработка со Mastercard, е реализирана празничната кампања што ќе ви овозможи да уживате во побрзо, поудобно и безконтактно плаќање, а истовремено да добиете вреден поврат на средства.

    Со секое плаќање со Mastercard дебитна или кредитна картичка на касите за самонаплата во одбраните Тинекс и Конто маркети, ќе имате можност да остварите cashback и да ја наполните вашата кошничка со сè што е потребно за празничната трпеза и подароците.

    Како да добиете cashback?

    1. Пазарувајте со Mastercard на самонаплатна каса во одбраните Тинекс или Конто маркети.
    2. Направете најмалку четири трансакции во период од 1.12 до 31.12.2025, со вкупна вредност од најмалку 6.000 денари.
    3. Добијте поврат на средства од 10%, односно 600 денари cashback!

    За поголема вредност на купувањето, износот на повратот се зголемува пропорционално – што повеќе пазарувате, толку поголем поврат добивате!

    Кампањата се спроведува во одбрани Тинекс маркети низ Скопје, Битола, Охрид и во одредени Конто маркети со достапни каси за самонаплата. На овој начин, Тинекс и Mastercard ви овозможуваат да го искусите модерното празнично пазарување – без редици, без готовина и со вреден поврат на средствата.

    За повеќе информации и за локациите со каси за самонаплата:
    Тинекс: https://www.tinex.com.mk/mastercard
    Конто: https://www.kontomarket.com.mk/mastercard

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично