ПОВЕЌЕ

    Нова дигитална поволност: Активирај КБ пакет целосно онлајн и добиј повеќе услуги за пониска цена

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка го претставува своето најново дигитално унапредување – сега можеш онлајн да активираш КБ пакет преку мБанкаИнтернет банка или со електронска идентификација преку OneID. А со избор на еден од КБ пакетите или на Zipp пакет за млади, добиваш повеќе услуги за пониска цена.

    Со ова Банката уште еднаш го потврдува својот континуиран фокус на иновативни дигитални решенија кои го олеснуваат секојдневието и носат уште поголема вредност за клиентите. Овој новитет носи едноставен, ефикасен и брз пристап до повеќе банкарски услуги одеднаш, без потреба од посета на експозитура или дополнителни административни чекори.

    Со неколку клика преку мБанка или Интернет банка можеш да активираш комплетен пакет банкарски услуги кој ги покрива твоите секојдневни лични финансии. Спакувај ги платежната сметка во денари и во девизи, електронското банкарство и дебитната картичка во КБ пакет и добиј бројни бесплатни услуги за симболичен месечен надоместок. А со Zipp пакетот за млади до 29 години, добиваш еден куп специјални придобивки, попусти и награди.

    Со електронската идентификација преку OneID, лесно и без посета на шалтер, може да активираш КБ пакет или Zipp пакет за млади без разлика дали си клиент на Комерцијална банка или сега сакаш да се придружиш на бројното семејство корисници на современи дигитални решенија на Банката.

    На овој начин, твоите лични финансии ќе станат поорганизирани, функционални и одговорни. Процесот за активација на КБ пакет или Zipp пакет, како и за промена на веќе избран пакет, е целосно онлајн, брз и интуитивен и ти овозможува лесен пристап до бројни производи и услуги на Банката.

    Со ова решение, Комерцијална банка ја зацврстува својата позиција на лидер во дигиталната трансформација на банкарските производи и услуги. Воведувањето нови, кориснички ориентирани и технолошки напредни услуги е уште еден чекор кон создавање модерно, достапно и сигурно банкарство кое работи во корист на клиентите.

    Повеќе информации за новите можности се достапни на веб-страницата kb.mk.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично