
Новата граѓанска обврзница што ја издаде Министерството за финансии, за заинтересираните граѓани е достапна во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка. Купувањето на овие хартии од вредност ќе се одвива сѐ до 10 декември, до крајот на работниот ден.
За да учествуваат на аукција за граѓанската обврзница, граѓаните треба да потпишат барање, што ќе го добијат на шалтерите на Комерцијална банка, и да го уплатат предвидениот паричен износ преку својата платежна сметка.
Граѓанската обврзница е финансиски инструмент со рочност од две години, има купонска каматна стапка од 4,5 насто, која се исплаќа секоја година на вложениот износ, а по истекот на рокот се враќа и вложената главнина.
Аналитика








