ПОВЕЌЕ

    Димитриеска-Кочоска најави: Развоен Буџет, намалување на јавниот долг, нова граѓанска обврзница

    Време зa читање: 2 минути

    Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8%, а буџетскиот дефицит на 3,5% од БДП, што е согласно определбата за фискална консолидација. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МРТ.

    „Факт е дека Буџетот за 2026 година е развоен. Со колегите во Министерството за финансии успеавме да извадиме еден максимум во смисла на проектирање на поединечен буџет на секоја институција, а при тоа имајќи предвид дека мора да имаме развоен буџет, мора да имаме фискална консолидација, но истовремено да ги погледнеме и обврските кои ги има секоја од институциите коишто се евидентирани во системот на МФ и  да ги земеме предвид и да ги вклопиме приоритетите на Владата“, рече министерката за финансии.

    Таа потенцира дека преку  мерките за фискална консолидација и поголема контрола на расходната страна  како што е предвидено со Буџетот за 2026 година и продолжување на позитивните резултати во делот на БДП ќе имаме и намалување на јавниот долг.

    Како што појасни во наредната година ќе се обезбедат на домашен и меѓународен пазар средства за да се вратат обврски кои се создадени од претходната Влада, вклучително и Еврообврзницата издадена во 2020 година и други заеми и дека ново задолжување ќе биде она што е потребно за финансирање на буџетскиот дефицит.

    Очекува дека јавниот долг ќе се намали под 60% од БДП порано од 2028 година како што е предвидено со Стратегијата за управување со јавен долг.

    Таа потенцира дека во ставките за плати и пензии се предвидени средства согласно законските решенија и дека ќе има раст на минималната плата.

    Во гостувањето најави дека во Министерството за финансии веќе се работи на објавување на нова емисија на граѓанска обврзница и дека тоа ќе биде наскоро.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично