На 21 и 22 ноември 2025 година, Скопје ќе стане центар на технолошките и иновативните идеи преку конференцијата WITCON 2025: Tech, Innovation & AI, организирана од Women in Tech Macedonia.
WITCON 2025 се издвојува како регионален мост меѓу глобалните трендови и домашните таленти. Со спојување на меѓународни визионери и локални експерти, Women in Tech Macedonia уште еднаш ја потврдува својата мисија, да создаде средина во која жените, иноваторите и технолошките претприемачи можат да растат, да соработуваат и да го движат општеството напред.
Настанот, кој ќе се одржи онлајн на 21 ноември и во живо во хотел „Marriott“ на 22 ноември, ќе обедини вкупно 59 говорници и над 450 учесници од Македонија, регионот и светот. WITCON e создаден како платформа која ги поврзува технологијата, лидерството и креативноста, со цел да инспирира, охрабри и ја зајакне регионалната технолошка заедница.
Во центарот на програмата се најистакнатите имиња од глобалната и локалната сцена.
Меѓу главните говорници се:
Ајуми Мур Аоки – технолошка дипломатка и извршна директорка на Women in Tech Global;
Јасмин Алич – еден од највлијателните креатори на Линкедин во светот и експерт за персонален брендинг;
Моника Ризовска Таневска – директорка на Women in Tech Macedonia и активен градител на стартап-заедници;
Алис Павалоју – коосновач на Open Ethics и застапник за одговорна технологија;
Ина Марковиќ – основач на DINNA AI и маркетинг стратег со силно АИ-портфолио;
Франка Граждани – оперативна директорка на 223 и коосновач на Ethereum Macedonia;
Бојан Кордалов – експерт за дигитално управување и директор на ECE Brussels;
Владимир Ристевски – коосновач на Piksel и извршен директор на Eventika.
Освен главните говорници, WITCON 2025 ќе обедини и низа истакнати професионалци од различни индустрии: технологија, блокчејн, право, образование, медицина, маркетинг, бизнис развој и претприемништво.
Меѓу нив се:
Илија Вучков (Emkice KIC), Стефан Митески (Mercedes-Benz Mobility), Ана Марија Вуковска (Property One Group), Јована Кртолицa (Allianz Technology), Марина Таневска (Swapp Agency), Симона Гижаровска (G+D Netcetera), Дејан Алексoв (ALME Law Firm / Startup Macedonia), Симона Стаматовска (The Founder Games), Бојан Матoвски (Pathkeeper Surgical), Димитар Силјановски (Intertec), Љубинка Илиоска и Николина Стаматовска-Алулоска (Titan Usje), Миодраг Чекиќ, Маја Трајаноска, Невена Јоскоска, Синиша Јовиќ, Бенјамин Џафероски и други.
Нивното учество обезбедува широка палета на професионални перспективи и практични искуства, создавајќи силна основа за значајни дискусии во рамките на денешниот брзорастечки технолошки екосистем.
Во рамките на програмата ќе се приклучат и панелисти од неколку значајни институции и компании, меѓу кои претставници од ФИНКИ, Avenga Academy, Creative HUB, Semos Education, Adeva Hub, Startup Club Skopje, Base42, Property One Group и Women in Tech Kosovo. Нивната улога ќе биде да отворат дискусии за развојот на локалните заедници, улогата на coworking-просторите, стартапите и еволуцијата на професиите во ерата на новите технологии.
Конференцијата ќе се одвива два дена: Денес, на 21 ноември програмата ќе се реализира онлајн преку Zoom, а на 22 ноември учесниците ќе присуствуваат во живо во хотел „Marriott“ во Скопје, со целодневна можност за поврзување, разговори со говорниците и создавање нови партнерства.
Целосната агенда за двата дена е достапна тука.
Аналитика








