ПОВЕЌЕ

    „ОД 100 ДО 120 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО ИЗГУБЕН ЛОКАЛЕН ПРИХОД БИДЕЈЌИ НЕМА АЖУРИРАНА ДАНОЧНА БАЗА – Златко Перински во „Каде се парите?“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Министерот за локална самоуправа Златко Перински вели дека општините губат од 100 до 120 милиони евра годишно поради неажурирани бази и слаба наплата на сопствени приходи. Планот е државата преку поврзување со Катастар и со дигитална трансформација, фазно од 2026 до 2028 да ја ажурира базата, а потоа софтвер, автоматски да издава решенија (без „човечки фактор“) за наплата на општинските даноци.

    „Во иднина, нема да имаме ние потреба од финансиска помош и поткрепа од страна на централниот буџет, туку ќе можат сами да си ги собираат истите тие средства. Само за илустрација, согласно проценките на Министерството  за финансии, баш од овие причини, затоа што несоодветно колектираат одредени локални самоуправи, не велам сите, несодветно колектираат сопствени извори на финансирање, на годишна основа, општините во Македонија губат меѓу 100 до 120 милиони евра, колку што кошташе првиот јавен повик“

    Притиснете „Subscribe“ и следете нè.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично