ПОВЕЌЕ

    „РЕСУРСЕН ЦЕНТАР ЗА ОПШТИНИТЕ: ЕДНА КОНТАКТ ТОЧКА + ПУЛ НА ЕКСПЕРТИ – Златко Перински во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Министерот за локална самоуправа Златко Перински најави „Ресурсен центар“ како централен канал за помош на општините. Тој ќе координира донаторски проекти (без дуплирање и „нулта ефект“), ќе има и дигитална алатка со темплејти за документи и патоказ за првите 10/30/100 дена на градоначалниците. Ќе се формира и „Пул на експерти“ (финансии, јавни набавки, буџетирање…) кои што општините ќе ги користат преку платформата и нема да се плаќаат.

    „Во моментот развиваме дигитална алатка која ќе биде основа во делот на комуникација помеѓу градоначалникот, општинската администрација, Ресурсниот центар и сите останати институции како ресорни министерства, како донаторска заедница, Биро за јавни набавки и така натака. Во таа дигитална алатка ќе имаме темплејти кои што ќе бидат готови документи кои би требало на градоначалниците да им дадат можност да ги искористат сите оние позитивни примери кои што нивните колеги од други општини ги работат. Веќе од следната недела, ако не се лажам, а можеби ќе стигнеме и до крајот на оваа недела, издвоивме еден патоказ за сите новоизбрани  градоначалници и тој патоказ треба на градоначалниците да им даде буквално насока што треба да направат во првите 10 дена од преземањето на мандатот.“

    Притиснете „Subscribe“ и следете нè.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично