ПОВЕЌЕ

    ДАНИЕЛА СТОЈАНОВСКА И НАТАЛИЈА СТОЈМЕНОВИЌ се најдобри банкарски службеници за 2025 во Уни Банка

    Време зa читање: 2 минути

    Како и секоја година, одбележувајќи го Светскиот ден на штедењето, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците од страна на Македонска банкарска асоцијација.

    Наградите најдобри банкарски службеници од Уни Банка ги добија Даниела Стојановска, референт на фронт во Експозитура Куманово и Наталија Стојменовиќ, менаџер за Корпоративна продажба.

    Да се стане најдобар банкарски службеник претставува голема чест и одговорност. Признанието е резултат на долгогодишното искуство и континуирано учење. Наградата за мене претставува потврда дека вложениот труд, професионалниот пристап и посветеноста кон работата се вредности кои се препознаваат. Особена благодарност упатувам до мојот тим и колегите од УНИ Банка за поддршката, соработката и позитивна енергија што секојдневно ме мотивираат“, вели Стојановска за порталот Пари.

    Таа додава дека ова признание ја инспирира да продолжи со уште поголема посветеност, да биде пример за професионалност и да придонесува кон унапредување на банкарскиот сектор и растот на УНИ Банка како тим кој создава вредност и доверба.

    Голема чест ми е што ја добив наградата за најдобар банкарски службеник. Во Банката работам веќе пет години и овој период за мене претставува пат исполнет со предизвици, учење и професионален развој. Верувам дека клучот на успехот лежи во посветеноста, одговорниот пристап и искрената грижа за клиентите“, истакна Стојменовиќ.

    За неа, како што вели таа, ова признание е потврда дека вложениот труд и континуираната посветеност секогаш се препознаваат.

    Истовремено, оваа награда ја доживувам како успех на целиот тим, бидејќи секој индивидуален резултат е дел од колективниот напредок на Банката. Благодарност до колегите и менаџментот за поддршката, мотивацијата и довербата. Ова признание ме охрабрува да продолжам да придонесувам кон уште поголем раст, иновативност и успех на Банката“, посочува Стојменовиќ за Пари.

    Катерина Михајлова

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично