
Економетриските пресметки покажуваат дека при сегашен обем на извоз, на ЕУ би и плаќале јаглеродна такса од 40 до 80 милиони евра годишно. За да се минимизира ударот прво би требало брзо да се формира верификационо тело, второ, да се воведување домашна CO₂ – давачка за да може парите да останат во Македонија. Златко Ветеровски од Царинската управа укажува дека ова е комбинација од регулаторна и фискална политика, не само царинска процедура.
„Телото треба да биде формирано што побрзо, од причина бидејќи тоа е големо олеснување за компаниите, со оглед на тоа што ние навистина имаме постигнато многу големи резултати во поглед на зелената транзиција и користење на таа енергија, и роковите воведувањето на телото за верификација, исто така е влезено и во Акцискиот план на реформската агенда, бидејќи ЕУ имаат проценето дека тоа е клучен услов како земјата да биде поконкурентна, а компаниите да бидат ослободени…“
Премиера: четврток 12:00 — притиснете „Subscribe“ и следете нè.
Аналитика








