
Ако до 01.01.2026 година, кога стартува наплатата на јаглеродната такса од страна на Европската унија не воведеме домашна CO₂ – давачка, целата сума што ќе се пресметува за нашиот извоз ќе завршува како приход на Унијата. Со национален данок, средствата би останале кај нас за зелени инвестиции и за модернизација. Златко Ветеровски од Царинската управа ги објаснува директните фискална последица за Македонија и зошто е подобро парите да останат дома.
„На тој начин, ние немаме механизам како да бидеме ослободени од таа давачка во овој момент, бидејќи немаме воведено данок на CO2. Во овој момент, како што е состојбата сега кај нас, тие пари што ќе се плаќаат, остануваат директно приход на Европската Комисија.“
Премиера: четврток 12:00 — притиснете „Subscribe“ и следете нè.
Аналитика








