ПОВЕЌЕ

    „АГЕНЦИЈА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА: БЕЗ НЕА ЌЕ ПЛАЌАМЕ „ФУЛ“ ДАВАЧКА – Златко Ветеровски за „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    За да се признаат „зелени“ инпути во производството на производи од шесте индустриски гранки за кои ќе се плаќа јаглеродна такса од нова година, и за да се намали потребата од CBAM сертификати, ЕУ бара домашен, независен верификатор што официјално ќе го потврди уделот на обновлива енергија/суровина во производите. Самите сертификати за потекло не се доволни без такво тело. Златко Ветеровски од Царинската управа појаснува дека без национална верификациска агенција фирмите би плаќале цел износ на јаглеродна такса, а не само процентот од загадувачките енергенси.

    „Европската Унија како е регулативата, законодавството за јаглеродната давачка вели, дека увозниците кои што ќе можат да докажат дека во нивните производи имаат вградено суровини или електрична енергија која што е од обновливи извари, ќе бидат ослободени од плаќање на оваа давачка. Меѓутоа, за да тоа се примени, треба таквиот податок да биде верификуван и потврден од независна агенција. Независно тело владино, кое што треба да потврди дека ние сега може да дискутираме, јас велам во мојата фабрика, производството, 60% еве користам енергијата од фотоволтаици, меѓутоа, се додека не е во воспоставено независно регулаторно тело кое што ќе го потврди процентот на енергија од обновливи или од необновливи извари, тоа не може да се примени.“

    Премиера: четврток 12:00 — притиснете „Subscribe“ и следете нè.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично