ПОВЕЌЕ

    ХАЛУК ЏАФЕР, СИМОНА ТРАЈКОВСКА И АМРА САЛИЈОВСКА ОД ХАЛК БАНК ја добија наградата за најдобри банкарски службеници во 2025

    Време зa читање: 2 минути

    На 31.10 МБА – Македонската банкарска асоцијација по повод Светскиот ден на штедење го организираше традиционалниот настан на кој се прогласуваа најдобрите банкарски службеници за 2025 година.

    Халук Џафер, Симона Трајковска и Амра Салијовска беа прогласени за најдобри банкарски службеници за оваа година од Халк Банк.

    Од моето двегодишно работно искуство во Халк Банка можам само да кажам дека Банката вистински се води според мотото „Важни се луѓето“, истовремено ги вреднува и цени како клиентите, така и вработените. Мојата благодарност спрема Халк Банк ја искажувам на тој начин што целосно се посветувам на работните задачи и сакам клиентите да се почувствуваат исто толку важни и ценети затоа што токму тоа е она по што Халк Банк се издвојува од останатите банки“, ни посочи Симона Трајковска.

    Таа вели дека оваа награда за неа претставува едно големо признание и благодарност за сета нејзина посветеност и досегашно работење, но истовремено и мотив за во иднина.

    Работам во Халк Банк веќе две години  и за мене ова признание претставува голема чест и мотивација. Верувам дека за да се стане најдобар банкар, потребни се посветеност, одговорност и искрена желба да се услужат клиентите. Успехот во банкарството не доаѓа преку ноќ, тој е резултат на секојдневна работа, постојано учење и тимска соработка. Оваа награда е признание за мојот труд, но и за вредностите што ги негуваме како банка“, истакна Амра Салијовска за порталот Пари.

    Халук Џафер вели дека да се стане најдобар банкарски службеник значи посветеност, одговорност, искрена грижа за клиентите и пред сѐ љубов кон својата работа.

    Ова признание е резултат на контунуирана работа, професионализам и тимска работа. Наградата за мене претставува голем поттик и мотив да продолжам да се усовршувам и напредувам. Да го зголемам, не само личниот успех, туку и успехот на филијалата и целата банка, како и задоволството на клиентите како приоритет“, посочи Џафер.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично