ПОВЕЌЕ

    ИРЕНА ВУРМЕСКА БОЦЕВСКА Е НАЈДОБАР БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ЗА 2025 ГОДИНА од Штедилница Можности

    Време зa читање: 2 минути

    Како и секоја година, одбележувајќи го Светскиот ден на штедењето, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците од страна на Македонска банкарска асоцијација.

    Наградата најдобриот банкарски службеник од Штедилница Можности ја доби Ирена Вурмеска Боцевска – раководител во Службата за логистика на продажба, која веќе 15 години е дел од тимот на Секторот трансакции и логистика на продажба во Штедилницата

    Верувам дека суштината на успехот лежи во континуирана посветеност, длабоко разбирање на потребите на клиентите и силна поддршка на тимот. Во рамки на поддршката на продажбата, резултатите не се мерат исклучиво преку бројки, туку и преку ефикасноста, прецизноста и подготвеноста да се делува проактивно. Со текот на годините, секој предизвик го доживувам како можност за професионален развој и унапредување на личните и тимските вештини. Оваа награда за мене претставува професионално признание за сите години посветена работа, но и силна мотивација да продолжам со уште поголема енергија и ентузијазам. Признанијата од ваков тип не се само симболични, тие се потсетник дека секој вложен напор, секоја одговорност и секој ден исполнет со посветеност, имаат значење. Верувам дека успехот се гради тивко, но стабилно, со знаење, интегритет и истрајност“, вели Вурмеска Боцевска за порталот Пари.

    Оттаму додаваат дека за штедилницата, оваа награда е потврда дека се вреднува секој поединец и секоја улога – не само оние што се во директен контакт со клиентите, туку и оние кои ја движат поддршката и процесите одвнатре. Таа испраќа силна порака дека успехот е резултат на заеднички труд, тимска синергија и култура на почит и препознавање. Ваквите признанија ја зајакнуваат мотивацијата и ја поттикнуваат посветеноста кај сите вработени.

    Катерина Михајлова

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично