ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка Скопје: Илиас Пападопоулос е нов директор за оперативни работи

    Време зa читање: < 1 минутa

    Илиас Пападопоулос е новиот генерален директор за оперативни работи (Chief Operations Officer) на Стопанска банка Скопје. Воедно е именуван и за член на Управниот одбор со мандат од една година.

    Пападопулос е извршен директор со повеќе од дваесет години искуство во корпоративното и малопродажно банкарство, управување со кредитен ризик и внатрешна ревизија.

    Зад себе има и неколкугодишен стаж во Стопанска банка, кога како главен директор за кредити во 2019 година станува дел од високиот менаџмент. Претходно работел во НБГ, прво како менаџер за внатрешна ревизија, а подоцна станал и раководител на меѓународни активности – сектор за кредитно банкарство.

    Пападопулос е магистер по финансии и инвестиции од Бизнис школата на Универзитетот во Ексетер, Велика Британија, со диплома по економија од Универзитетот во Гринич – Лондон.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично