
Во духот на соработката и тимскиот дух, оваа година се одржаа традиционалните спортски игри по повод „Ден на штедење“, организирани од Синдикатот на работниците од финансиските организации на Македонија (СФОМ). Настанот се одржа во спортскиот објект МТП, во СУГС „Георги Димитров“ во Скопје.

На игрите учествуваа вработени од банки, осигурителни компании и други финансиски организации од целата земја. Преку низа дисциплини – фудбал, кошарка, одбојка, шах, тенис, баскет и пинг-понг сите екипи ја покажаа својата спортска подготвеност, фер-плеј и колегијален дух. Целта на настанот беше не само натпреварување, туку и зајакнување на пријателствата и размена на искуства меѓу институциите.

Со вакви активности се поттикнува здравиот начин на живот, тимската работа и позитивната енергија во деловната заедница.

Вечерта беше заокружена со свечено доделување пехари и признанија од страна на СФОМ и претседателот на организацијата Бобан Ристески за најдобрите екипи и поединци, проследено со дружење и забава. Во пријатна атмосфера, учесниците заедно ги прославија спортските успеси и ги најавија новите предизвици за следната година.


Аналитика








