ПОВЕЌЕ

    ЈАВЕН ПРЕВОЗ: КОЈ ЌЕ СЕ ВОЗИ БЕСПЛАТНО? – Каја Шукова и Орце Ѓорѓиевски во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Кандидатите за градоначалник на Скопје од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ Шукова и Ѓорѓиевски со слични решенија за јавниот превоз.

    Шукова од СДСМ нуди брзо, изводливо БРТ решение бидејќи има подготвена јавен превоздокументација и средства. Паралелно најавува нов возен ред и обновување на автобускиот парк, како и бесплатен превоз кој го ограничува на ранливите категории и младите. Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ поддржува имплементација на БРТ, но со дополнителни краци, враќање во функција на приватните превозници со издавање на нови лиценци, како и брзо сервисирање и набавка на нови автобуси. Најави дека во ова ќе биде интегриран и градски воз. За бесплатен превоз ги таргетира средношколците, студентите и како и досега, пензионерите.

    ЃОРЃИЕВСКИ:

    „Да, студенти, средношколци и пензионери. Бесплатно.

    – А вие не се откажуваат од пензионери?

    Не се откажувам. Да, и тоа е моделот кој што функционира. Сепак, имаме пензионери кои што живеат со сериозно ниски примања и тоа треба да земаме во предвид, пензионерите или одат да пазарат, или одат лекови да купат.“

    ШУКОВА:

    „И затоа според мене има категории на граѓани кои што треба да се поддржат. Секако учениците, студентите и пензионерите, меѓутоа имате многу невработени, да речеме, граѓани, социјално загрозени категории кои што исто така не можат да стигнат на лекар и не можат да стигнат на било кое место каде имаат потреба.“

    Притиснете „Subscribe“ и следете нè

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично