ПОВЕЌЕ

    Лукровски за Карпош: Нова градинка, настава на отворено, интерактивни табли во училниците

    Време зa читање: 2 минути

    Образованието и грижата за децата за мене не се трошок, тие се највисока форма на инвестиција, затоа јас ќе направам се што е потребно, ниедно дете во Карпош да не остане на листа на чекање за градинка, и ниедно училиште да не изгледа како да е заборавено од времето. Да биде прописно загреано во зимските денови и климатизирано во летните месеци. Со поставување на фотоволтаици на крововите од училиштата и градинките ќе ја искорениме зависноста од мазут. Преку тоа и загадувањето во Карпош, изјави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на таа Општина, Сотир Лукровски.

    „Ќе ја изградам новата централна градинка во Карпош, со капацитет од најмалку 200 деца, со современи енергетски стандарди, отворени училници и двор кој ќе биде простор за игра и учење преку природа по светски стандарди“, вели тој и ветува дека ќе започне и целосна реконструкција на сите постоечки градинки, ќе ги менува старите креветчиња и плакари со нов безбеден мебел, ќе го подобри осветлувањето, подовите и тоалетите, „затоа што детската сигурност не смее да зависи од буџетот“. Освен тоа, за децата со посебни потреби ќе воспостави сензорни зони.

    „Мојата визија за образованието не завршува во градинките, јас ќе создадам отворени училници во дворовите на основните училишта во Тафталиџе, Карпош 3, Козле, каде што децата ќе учат биологија, ликовно, или физичко под ведро небо, не под неонка“.

    Лукровски додава дека ќе набави и интерактивни табли и современа опрема за секоја училница: „Но нема да дозвола технологијата да го замени наставникот, таа ќе му биде партнер не конкуренција. Ќе воведам програма едукација плус, преку која секое дете од трето до деветто одделение ќе има можност за бесплатни курсеви по роботика, музика, програмирање или странски јазици. Директно во своето училиште во наставниот дел. Сакам децата да остануваат во училиштата затоа што сакаат, не затоа што мораат“, наведува тој, па дополнува дека ќе воспостави и совет на родители.

    „Општината под мое водство нема да биде директор што издава наредби одозгора, туку партнер што слуша и дејствува“, вели во предизборието Сотир Лукровски.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично