ПОВЕЌЕ

    Владев со визија за нов лик на Свети Николе: Ритеил парк, градски базен, старечки дом…

    Време зa читање: 2 минути

    Ритеил парк, нова пречистителна станица, старечки дом, градски базен… е визијата за Свети Николе, што ветува дека ќе ја оствари Дејан Владев, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На митингот под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, пред сограѓаните се обврза дека ќе работи посветено и чесно како и во изминатите четири години.

    „Овој мандат беше наш заеднички подвиг. И секој проект што го реализиравме – го реализиравме заедно. Ќе продолжам да работам со истата сила, со истата посветеност и со уште поголема страст. Затоа што за овие неколку години покажав што значи еден градоначалник да биде со својот народ да работи чесно, не само пред избори, туку секој ден. Имам тим, имам визија, но пред сè – имам обврска пред вас. Да продолжам со проекти, со конкретни резултати, и со грижа за секој дел од Општината“, нагласи Владев.

    Притоа, ги наведе проектите што се во план за реализација во новиот мандат:

    „Оваа програма не е само список на проекти – ова е визија за иднината, план за секој граѓанин, за секое маало, за секое село! Да го надградиме она што го почнавме! Ќе овозможиме изградба на современ трговски простор – ритеил парк, со нови работни места, урбана уреденост, паркинг и зелени површини. Изградба на нова пречистителна станица. Изградба на спортско-рекреативен објект – Градски базен со поддршка од Министерството за Спорт. Изградба на старечки дом во соработка со МТСП, надградбa на детската градинка, подобрување на образовната инфраструктура, комплетна реконструкција на улицата Филип II изградба на соблекувални и покривање на трибини на Градскиот стадион, реконструкција на спортската сала Цар Самоил“, рече Владев.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично