Лиценцата не е продолжена, Вашингтон воведе санкции врз НИС, нема повеќе одложувања, објави Нафтената индустрија на Србија (НИС). Санкциите што ги воведоа САД поради мнозинската руска сопственост во компанијата стапија на сила во шест часот утрово, објави НИС.
По осум одложувања, стапија во сила американските санкции врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), една од најважните компании за функционирање на целата српска економија. „Санкциите воведени од САД поради мнозинската руска сопственост во компанијата стапуваат на сила од шест часот утрово (9 октомври)“, објави НИС.
МАКЕДОНЦИТЕ ОНЛАЈН ‒ Интернет користат за дружење, а не за купување
Српската нафтена индустрија ги пречека санкциите на САД подготвено, обезбедени се доволни залихи на нафтени деривати и сурова нафта и нема причина да се создаваат редици на пумпите и да се акумулираат залихи, изјави за РТС директорката на малопродажба на НИС, Бојана Радојевиќ.
„НИС ја пречека одлуката за воведување санкции подготвено и наш апсолутен приоритет е снабдување на граѓаните, има доволно залихи, апел до граѓаните, нема потреба од паника и редици, нема ограничувања за количината што можат да ја земат и сè ќе продолжи да се случува како порано. Откако санкциите стапија на сила во шест часот утрово, трансакциите за плаќање се одвиваат нормално. Значи, трансакциите за плаќање сè уште се одвиваат нормално за сите банки. Сите картички се уште се во оптек, можно е ова да биде суспендирано во текот на денот, кога, не знаеме, но ќе видиме. Готовина, сите динарски картички, како и преку системот „IPS покажи“, т.е. М банкарство на сите банки. Исто така, „Са нама на путу“, Агро и Такси картичките продолжуваат да работат без прекин. Овозможени се непречени трансакции во динари за правни лица и големопродажба, така што и корпоративните клиенти ќе можат да продолжат да вршат редовни плаќања. Ќе издадеме соопштение со целосни упатства“, рече Радојевиќ.
Националното работно тело за кризни ситуации во нафтениот сектор, кое беше формирано во рамките на Министерството за вонредни ситуации, веќе објави дека енергетскиот систем не е во опасност.
Компанијата НИС ја информираше јавноста дека на компанијата не ѝ е продолжена посебната лиценца на Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави, која овозможува непречено оперативно работење. „Од моментот кога компанијата беше ставена на листата SDN (Специјално назначени национални компании) во јануари, НИС внимателно ја следи ситуацијата и се обидува да го прилагоди своето работење на новите околности. Приоритети, како и досега, остануваат редовното снабдување на домашниот пазар со нафтени деривати, како и зачувувањето на социјалната стабилност на вработените. НИС обезбеди доволно залихи на нафта за преработка во овој момент, додека бензинските пумпи се соодветно снабдувани со сите видови нафтени деривати“, се вели во соопштението.
Уште во јануари, Америка објави воведување санкции врз една од виталните компании за економијата на Србија поради соработката со Русија, но тие беа одложени до денес.