Осум нови училници со вкупна површина од 560 метри квадратни, енергетски ефикасна фасада и систем за централно греење, ќе добие училиштето „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ во Хром, Доградбата, за која е потпишан договор, ќе овозможи современи, безбедни и функционални услови за работа, што подразбира и едносменско одвивање на наставата.
„Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирани инвестиции во образованието и подобрување на условите за најмладите. Потпишан е договорот за доградба на подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ во населбата Хром, со што започнува реализацијата на уште еден значаен проект.
Во рамките на училиштето, веќе е целосно завршена изградбата на новата спортска сала, со што се заокружува современ училишен комплекс кој ги обединува образованието и спортот во едно.
Со завршената спортска сала и доградбата што следи, создадовме услови какви што навистина заслужуваат нашите ученици. Ова не е само инфраструктурен проект, туку инвестиција во образованието и иднината на Ѓорче Петров“, изјави градоначалникот Александар Стојкоски, кој каој кандидат на ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните ја бара довербата за нов мандат.