Советникот во Министерството за дигитална трансформација, Иван Илиоски, појасни дека државната интероперабилна платформа е дизајнирана како отворен екосистем. Со мали технички измени ќе може и решенијата од граѓанскиот/НВО сектор (како „мЗаедница“) да се приклучат на овој систем и со што граѓаните во иднина ќе бидат поблиску до работењето на своите општини.
„Значи, Интероп платформата, идејата на Министерството за дигитализација е основата и секој систем кој би сакал да се вклучи, кој со мали технички измени може да се вклучи, би бил идеален за тој екосистем да го развиеме.“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Притиснете „сабскрајб“ за повеќе анализи!