ПОВЕЌЕ

    ЧЕТИРИ СТОЛБА ЗА ДИГИТАЛНИ ОПШТИНИ – Иван Илиоски во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Советникот во Министерството за дигитална трансформација, Иван Илиоски, ги сумира клучните столбови како да се дојде до дигитализација на општините. Тоа се бесплатни Wi-Fi зони, унифицирани општински веб-страници, електронско управување со документи и интеграција на услугите во националниот портал. Ова е основата што треба да ја спушти дигитализацијата до секој граѓанин и до шалтерите на општините. Планот сето ова да се заврши до 2028 година.

    Буквално сите овие четири столба сакаме целосно да ги имплементираме. Да имаме унифицирани веб страни, да имаме бесплатни ви – фи зони. Имаме веќе четири општини каде што се имплементирани, тука во Центар, на Боемска улица, на два плоштади, тие се идеи на самата локална самоуправа. ЕДМС да биде целосно, колку што може имплементиран во општините и хартијата да ја тргнеме од употреба, се да биде дигитализирано и сите услуги кои што ги нудат општините да бидат интегрирани во националниот портал. Значи, целосна имплементација на сите четири столба.“

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Притиснете „сабскрајб“ за повеќе анализи!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично