ПОВЕЌЕ

    Две сцени, 800 учесници и светски имиња – откриена агендата на 8. Регионална конференција за е-трговија

    Време зa читање: 3 минути

    За помалку од еден месец, на 4 ноември во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи 8. регионална конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Оваа година конференцијата доаѓа со свеж концепт – две паралелни сцени, на кои ќе се одржуваат инспиративни главни говори и интерактивни практични работилници.

    Конференцијата по четврти пат ги отвора вратите за регионалната публика и очекува да собере над 800 учесници – успешни претприемачи, е-трговци, директори, менаџери, како и претставници од владини и невладини организации. Ќе бидат присутни гости од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија, Грција и Хрватска, што ја прави конференцијата најголем и најзначаен регионален настан од ваков вид.

    Ова издание носи и тематско проширување – покрај е-трговијата, фокусот ќе биде ставен на маркетингот и вештачката интелигенција (AI), две области кои ја движат дигиталната трансформација и го забрзуваат развојот на индустријата. Новиот концепт веќе предизвика голем интерес кај компаниите и професионалците од целиот регион.

    Агендата е објавена и оваа година вклучува инспиративни презентации, панел дискусии и практични сесии кои ќе ја доближат иднината на е-трговијата и ќе понудат конкретни алатки за раст на бизнисите.

    Конференцијата традиционално ќе започне со обраќање на претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска Станков, која ќе ги претстави клучните трендови и сознанија за развојот на е-трговијата во регионот во 2025 година.

    По нејзиното излагање, на главната сцена следуваат презентации и панел дискусии од претставници на светски познати компании како Dolce & Gabbana, TikTok, Visa, Booking, Publicis Groupe, Brainster Next, Korpa, Bigburg, Direct media, Wolt и многу други. Тие ќе споделат искуства и експертиза во области како што се вештачка интелигенција, анализа на податоци, SEO, маркетинг стратегии, достава, експанзија на бизниси, плаќања и е-трговија.

    На паралелните практични сесии, учесниците ќе имаат можност да научат повеќе за користење маркетинг податоци за раст, нови можности за инвестирање, креирање кратки видеа, како и практични алатки за примена на вештачка интелигенција, со експерти од Publicis Groupe, AI at Work by Brainster, Zephyr Angels и Shortsify.co.

    Овогодинешната конференција е поддржана од Visa како платинум партнер, Халкбанк како стратешки партнер, Корпа како партнер за храна и достава, Brainster како AI партнер и A1 како дигитален партнер. Ananas и Casys се златни партнери, а сребрени партнери се Комерцијална банка, IUTE, Филип Морис Интернационал, Сава пензиско друштво, Гранд Скопје, Public Cloud Group и Wolt, заедно со повеќе бронзени партнери.

    И оваа година, се очекува конференцијата да биде целосно распродадена, потврдувајќи го големиот интерес и значењето на настанот за развојот на е-трговијата во регионот.

    Повеќе информации за агендата, говорниците и билетите се достапни на официјалната веб-страница: www.ecommerceconference.mk.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично