ПОВЕЌЕ

    Лукровски: Апликацијата „ Мој Карпош“ ќе биде дигитален сервис за граѓаните

    Време зa читање: 2 минути

    „Сакам да го завршам времето кога за еден документ мораше да се земе боледување. Времето кога работата со општината значеше да стоиш на шалтер и некој да ти каже недостига уште едeн печат. Општината не смее да биде макотрпна обврска, општината мора да биде услуга на еден клик“, вели Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.

    Затоа ќе ја воведам апликацијата „ Мој Карпош“ која ќе претставува дигитален сервис, преку кој граѓаните ќе може да пријавуваат проблеми, да поднесат барање, да добијат одговор.

    Преку апликацијата ќе можеш да сликаш искршена клупа, запуштена шахта или оштетена инфраструктура и да го испратиш директно до одговорната служба без многу објаснување без број на предмет. Системот сам ќе го проследи а граѓанинот ќе добие известување кога ќе биде реагирано. Тоа е мојата визија за општина без изговори.

    Ќе овозможам и целосно електронско барање на документи како уверенија, потврди, пријави. Наместо „Дојди во понеделник“, системот ќе ти рече „Веднаш“.

    За оние што не користат технологија ќе има и административци на самото лице место кои ќе пополнуваат наместо тебе. Ќе поставам интерактивна мапа на проектите каде секој граѓанин ќе може да види која улица, кога се средува што е во тек, што е завршено.

    Транспарентната општина не е онаа што вели ќе направиме, туку онаа што покажува еве се прави.

    Мојата визија е граѓанинот да не оди во општината, туку таа да дојде кај него! Не со пароли туку со интернет, не со ветувања туку само на еден клик.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично