Инвестициите во градинките, не се само инвестиции во објекти, туку во иднината на нашите најмили, вели градоначалникот на Општина Илинден и кандидат за нов мандат, Александар Георгиевски.
„Во секое семејство, во секое дете, покажавме дека посветеноста, визијата и континуираната работа создаваат современи, функционални и топли простори во кои децата растат безбедно и среќно.
Затоа, ќе изградиме нова детска градинка, со цел да им помогнеме на семејствата да добијат поголема достапност на квалитетна предучилишна грижа. Современи и безбедни простории за згрижување, и развој на дечињата“.