ПОВЕЌЕ

    Мицкоски со порака: Формирањето многудентно семејство е највисок патриотски чин

    Време зa читање: 3 минути

    Петгодишната програма која ќе ја спроведуваат Владата и УНФПА не е само документ, туку план за дејствување, визија и стратегија која ќе се реализира со конкретни активности, насочени кон иднината на државата и граѓаните. Многу треба да се работи на тоа поле, затоа што според сегашните трендови, по 20 години Македонија може да биде држава под еден милион жители, нагласи премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на документот, кој претставува петгодишен план за делување на Владата и Фондот за население на ОН (УНФПА), насочен кон иднината на државата и граѓаните.

    „Вклученоста на оваа меѓународна организација ни овозможува да ги гледаме предизвиците и решенијата низ поширока перспектива, да учиме од светските искуства и заедно да создаваме политики кои ќе донесат промени“, рече Мицкоски, додавајќи дека човечкиот капитал ги движи сите други ресурси – рудни богатства, финансии, инфраструктура, енергенси, води или природни богатства. „Нема ништо без народот и без демографијата“.

     

    Како што посочи, демографската рецесија не е нова појава, трае повеќе од 70 години.

    „Од 1950 година па до денес бројот на новородени деца постојано опаѓа. Во 1950 година во Македонија имало над 50.000 новородени бебиња. Во 2024 година имаме само околу 16.000 новородени бебиња. Овој пад има две главни причини: прво, иселувањето на младите луѓе и второ, намалениот наталитет и фертилитет. Владата е свесна за сериозноста на ова прашање и веќе работи на неколку линии“, наведе премиерот, укажувајќи дека со овој проблем се соочуваат повеќе земји во светот, меѓу кои и најбогатите.

    Тој се осврна и на статистичките податоци, изнесувајќи го стравувањето што може да се случи доколку не се работи на сузбивање на оваа појава.

    „Според последниот попис сме над 1,8 милиони жители. Имаме отприлика над 700 илјади редовно вработени и околу 350 илјади пензионери. Реално присутно население според сите проценки не надминува од 1,5 милиони. За 20 години се плашам дека ќе бидеме држава со под еден милион жители и тогаш ќе имаме на еден пензионер еден вработен. Тоа значи колапс за пензискиот фонд, тоа значи колапс за здравствениот фонд. Ова мора биде прв приоритет на оваа Влада и на сите следни, а тоа се многудентни семејства“, нагласи Мицкоски.

    Во тој контекст е и пораката што им ја упати на граѓаните:

    „Јас би сакал кон сите македонски граѓани да упатам јасна порака – формирањето семејство, формирањето многудентно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина. Без разлика на верската, на етничката припадност – многудетното семејство значи иднина“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично