ПОВЕЌЕ

    Промена во Македонијатурист: Ацо Дудулоски раководи со Управниот одбор

    Време зa читање: 2 минути

    Шест месеци по изборот на Управниот одбор на Македонијатурист, направени се првите измени во составот. Досегашниот претседател Горан Ташков е разрешен, а за таа позиција е именуван Ацо Дудулоски. Ова раководно тело добива и нов член, Леонид Антиќ. Ова се одлуките на Надзорниот одбор, донесени минатата недела.

    Дудулоски треба да ја предводи хотелско-угостителската компанија до 10 март 2031 година, кога завршува мандатот добиен како избран член на Управниот одбор. Во тој период, како што е наведено во одлуката, тој е „овластен да го застапува и претставува друштвото во односите со трети лица со ограничување во внатрешниот и надворешниот трговски промет кое гласи: За склучување на договори за купување и продавање кои се однесуваат на располагање со основните средства или долгорочните палсмани, чија вредност е поголема од 10%, а помала од 30% од основната главнина на друштвото, потребна е согласност на Управниот одбор, односно на Надзорниот одбор на друштвото”.

    Новиот претседател инаку е сопственик на Современ дом, компанија – партнер на ЗСФ-КОМ во Скопски пазар, кој, пак, е најголем акционер во Македонијатурист.

    Досегашниот претседател, Ташков, важи за експерт во областа на хотелиерството, со долгогодишна успешна кариера.

    По овие измени, актуелниот состав на Управниот одбор е сочинет од Ацо Дудулоски, Маја Николовска од Промедика и Леонид Антиќ од М.Г. Фешн.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично