ПОВЕЌЕ

    НАУЧНИЦИ ОТКРИЈА ТАЈНА ВО ВНАТРЕШНОСТА НА ЗЕМЈАТА: Длабоки промени го менуваат магнетното поле

    Време зa читање: 2 минути

    Научници регистрираа невообичаени промени во длабочината на Земјата кои можат да влијаат и врз земјотресите и врз магнетното поле на планетата. Истражување објавено во Geophysical Research Letters покажува дека сателитите GRACE во 2007 година откриле гравитациска аномалија што не била предизвикана од површински процеси, туку од масивни промени во долниот мантиј, речиси 2.900 километри под земјината површина.

    Аномалијата е поврзана со фазна промена на минерали, при што нивната структура преминала во погуст облик. Тоа довело до зголемување на масата и до мали, но значајни деформации на границата меѓу мантијата и јадрото – околу десет сантиметри. Иако звучи минимално, на планетарно ниво вакви промени можат да го нарушат движењето на стопеното железо во надворешното јадро и да влијаат врз магнетното поле.

    GRACE мисијата (Gravity Recovery and Climate Experiment), со два сателита што летаа заедно од 2002 до 2017 година, првично беше дизајнирана за следење на движењата на водата – топење на глечери, пад на подземни води и раст на нивото на морињата. Но нивната исклучителна прецизност овозможи да се регистрираат и суптилни гравитациски промени предизвикани од масени поместувања во внатрешноста на Земјата. Во 2007 година тие детектираа силен сигнал под Атлантикот, крајбрежјето на Африка, што упатуваше на вознемирувачки процеси во близина на границата мантија–јадро.

    Во истиот период, и други сателити што го следат магнетното поле на Земјата забележале нарушувања во истиот регион. Совпаѓањето на двете појави укажува дека гравитациската и магнетната аномалија имале заеднички извор – динамични процеси во длабочината на планетата.

    Ова е прв пат науката да има конкретни докази дека долниот мантиј не е статичен, туку способен за брзи трансформации кои можат да се проучуваат во реално време. Откритието отвора нови можности за разбирање на врската меѓу гравитацијата, магнетизмот и геолошките процеси кои ја обликуваат Земјата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично