ПОВЕЌЕ

    Соработка на „Алкалоид“ и ИЈЗ: Партнерство во интерес на јавното здравје

    Време зa читање: < 1 минутa
    „Алкалоид“ АД Скопје и Институт за јавно здравје на Република С. Македонија денеска потпишаа Меморандум и Договор за соработка, со што се поставуваат темели за долгорочно партнерство во интерес на јавното здравје и благосостојбата на граѓаните.
    Преку оваа соработка двете институции ќе обединат експертиза и ресурси со цел унапредување на здравствените практики, развој на заеднички научно-истражувачки проекти, како и спроведување активности за превенција, едукација и за примена на современи фармацевтски и аналитички стандарди.
    Овој значаен чин претставува потврда на заедничката определба за градење мостови помеѓу индустријата и здравствените институции, во насока на поддршка на современите политики, иновации и решенија, кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот на живот и јавното здравје во нашата земја
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично