ПОВЕЌЕ

    Блок од 1,5 милиони евра со акции на Гранит

    Време зa читање: 2 минути

    Познат купувач се стекнал со 49.162 обични акции на Гранит. Таа количина обезбедува 1,6 отсто од основната главнина на градежната компанија. Вложени се 95.865.900 денари, или 1,56 милиони евра.

    За блок-трансакцијата информираат од Македонска берза. Според наведените податоци, секоја купена акција е платена по 1.950 денари. Инаку, номиналната вредност е пет евра.

    Цената е пониска од просечната – 1.790 денари, која датира од последното тргување на официјалниот пазар, регистрирано завчера (23 септември). Тогаш биле истргувани шест акции со промет од 10.740 денари.

    Во текот на последните 52 недели, пак, ценовните движења достигнале максимални 2.000 денари за акција, додека најниската била 1.590 денари. Како податок, интересно е и тоа што вредноста на блок-трансакцијата е близу до вкупниот остварен промет во споменатиот период, од 109.567.816 денари, односно 1,78 милиони евра.

    Не е познато кој ги купил акциите, но интересот за вложување во градежната компанија е постојан. На почетокот од месецов, преку Берзата од Гранит известија дека претседателката на Надзорниот одбор, Ивана Милковска – Симева, се стекнала со 1.000 акции, што е охрабрувачка порака за инвеститорите.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично