ПОВЕЌЕ

    ШПАРКАСЕ БАНКА: Потрошувачки кредит до 2,4 милион денари со фиксна рата, без хипотека и жиранти

    Време зa читање: 2 минути

    Потрошувачки кредит без хипотека, без жиранти и со фиксна каматна стапка за целиот период на отплата до 95 месеци е новиот продукт на Шпаркасе банка. Максималниот износ што може да се користи достигнува до 2.400.000 денари и е највисок на пазарот.

    Создаден е за да им овозможи на клиентите поголема финансиска слобода и стабилност во реализацијата на плановите, велат од Шпаркасе банка. Потрошувачкиот кредит е наменет за граѓаните со редовни месечни примања.

    Освен тоа, клиентите можат да добијат уште поповолна каматна стапка доколку користат револвинг производи на Банката.

    Во понудата се застапени и станбени и хипотекарни кредити, исто така со фиксни каматни стапки. Максималниот износ кај овие кредити е 400.000 евра, а фиксната каматна стапка обезбедува непроменливи месечни рати.

    Станбените кредити се наменети за купување или за реновирање дом со рок до 30 години. Хипотекарните кредити, пак, овозможуваат висок износ за наменски или за ненаменски инвестиции, а рокот на отплата е до 20 години.

    Повеќе информации за кредитите, заинтересираните можат да добијат на веб-страницата на Шпаркасе банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично