ПОВЕЌЕ

    Оваа недела ќе се одржи 55. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

    Време зa читање: 2 минути

    На 25 септември 2025 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 55. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка, која со свое обраќање ќе ја отвори гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески.

    На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Моделирање на краткорочната побарувачка на готовите пари во оптек во Северна Македонија” од авторот Марија Стојкоска.

    По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

    Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

     На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.

     Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.   

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично