ПОВЕЌЕ

    Алта банка ќе ја унапреди СТББТ – Став на Управниот одбор за понудата за преземање

    Време зa читање: 3 минути

    Реализацијата на понудата на српската Алта банка за преземање, ќе се одрази позитивно врз деловното работење, особено кај вработените во Стопанска банка Битола. Тоа е ставот на Управниот одбор, заземен по разгледувањето на информациите застапни во понудата и протоколот. Овие документи, во име и за сметка на белградската банка, ги даде Комерцијална банка.

    „Со преземањето, Банката ќе ја здржи постојната правна структура и оперативна рамка, зајакнувајќи го стратешкото управување преку проширување на менаџерскиот тим и именување на дополнителен член на Управниот одбор“, наведуваат од менаџментот на СТББТ.

    Исто така, посочуваат на утврденото сознание дека основната цел на преземачот е дополнително да го зајакне развојот и унапредувањето на Стопанска банка Битола во делот на интерните политики и внатрешните процеси, во согласност со современите пазарни стандарди и најдобрите практики на Алта банка, со посебен акцент на управувањето со ризиците, дигитализацијата и спроведувањето на стратешки иницијативи за раст.

    „Ваквиот пристап би овозможил континуитет во деловното работење и зачувување на пазарната позиција на Стопанска банка АД Битола, истовремено обезбедувајќи пристап до знаење, ресурси и управувачка поддршка што ќе ја обезбеди преземачот, со цел постигнување на подобра вкупна ефикасност, отпорност и долгорочен раст“, ценат од УО.

    Освен тоа, како позитивни се посочуваат и плановите поврзани со вработените – зголемување на бројот согласно планираните деловни потреби, „со посебен акцент ставен на развојот на дигиталните компетенции на вработените“.

    Во тој контекст се наведува делот од проспектот каде што Алта банка планира спроведување на постепена модернизација на работењето и зајакнување на капацитетите на СТББТ, со одредени промени во постојната организациски структура.

    „Оптимизација на деловните процеси и дигитална трансформација со цел унапредување на ефикасноста и корисничкото искуство; зајакнување на кадровските капацитети преку селективно вработување и преквалификација, особено во областите на ИТ, аналитика и маркетинг, додека постојните вработени ќе бидат поддржани во прилагодувањето на новите барања; постепена модернизација на продажната мрежа, вклучително ребрендирање и оптимизација, но без драстични промени во бројот или локацијата на филијалите.

    Имајќи ги предвид објавените информации во проспектот, преземачот ќе биде насочен кон зајакнување на стручните капацитети во корпоративниот сегмент, со посебен фокус на вработување и професионален развој на квалификуван кадар ангажиран во работата со мали и средни претпријатија. Преземачот планира континуирано да се инвестира во обука на вработените, што треба да го подигне нивото на технички знаењеа и вештини во работењето, што Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола го оценува како позитивно“.

    Како потврда за поволноста, во известувањето е нагласено:

    „Претседателот и член на Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола, Александра Радевска, поседува обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола и има намера да ја прифати Понудата за преземање…“.

    Потенцијалниот преземач не поседува акции на СТББТ, но сопственик на 19.439 акции е Алта Гроуп ДОО Белград. Понудата за преземање се однесува на 371.538 обични акции со право на глас. За секоја од нив Алта банка би платила по 3.777 денари. Како што велат од УО, нема преговори меѓу раководното тело и преземачот од Белград „околу постапката за преземање на целното друштво“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично