ПОВЕЌЕ

    Земјоделските производи поскапеле во август: Компирот за 76%, овошјето за 33%

    Време зa читање: < 1 минутa

    Земјоделските производи во август, во просек, биле поскапи за 12,1 насто во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемо зголемување има кај компирот, кое достигнува 76,6 насто. Следат овошјето и грозјето со 32,8 насто, додека растот на цените кај зеленчукот е 6,2 насто.

    Кај растителното производство во целина е регистрирано зголемување за 14,2 насто, а кај животинското производство 6,5 насто.

    Истовремено, трошоците што ги имале земјоделците (инпутите) бележат нагорно движење од 2,3 проценти. Во тие рамки, најмногу поскапеле ветеринарните услуги – за 37,1 насто, а потоа добиточната храна за 9,9 насто. Притоа, поевтинување има кај енергијата и горивата за 5,2 отсто, како и кај минералните ѓубрива за 1,6 и кај семињата за 0,2 отсто.

    Средствата наменети за инвестиции во земјоделството во август се повисоки за 5,7 проценти.

    Според сето ова, семјоделците се соочуваат со поскапени услуги и репроматеријали, но цените на нивните производи значително го надминуваат тој раст.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично