Владата на Србија донесе одлука за зголемување на минималната плата од 1 јануари 2026 година на 551 евро, што е зголемување од 10,1 процент.
На својата последна седница, Владата на Србија донесе одлука за редовно зголемување на минималната цена на трудот, која ќе изнесува 371 динар по работен час, односно ќе се зголеми за 10,1 процент од 1 јануари 2026 година, објави Владата. Со ова зголемување, минималната плата ќе изнесува 64.554 динари или 551 евро следната година.
Пред ова зголемување, минималната плата ќе биде вонредно зголемена од 1 октомври 2025 година за 9,4%, од сегашните 450 на 500 евра.
Како што е наведено, минималната плата е зголемена од 404 евра во 2024 година на 551 евро.
Минималната цена на трудот се утврдува по работен час без даноци и придонеси, за календарската година, најдоцна до 15 септември во тековната година, а се применува од 1 јануари следната година, соопшти Владата.
(Фото: Danas.rs)