ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка Скопје продолжува со намалувањето на провизиите

    Време зa читање: 1 минутa

    Од среда, 10 септември, бесплатни се кредитните трансфери во интерниот платен промет за компаниите – клиенти на Стопанска банка Скопје. Ова се однесува за користењето на дигиталните канали.

    Стопанска банка Скопје информира дека процесот на намалувањето на надоместоците за платежни услуги, започнат во август, продолжува и во текот на месецов. Како што наведуваат „со нови поволности“.

    ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ НА БАНКИТЕ ИМ ДОНЕСЕ ДОБИВКА ОД 150 МИЛИОНИ ЕВРА, повеќе кредити и депозити

    Од тој датум, за правните лица без надомест се и неколку други услуги: издавање дупла картичка за потписник, доносител; препис на платен налог; извештаи од блокирани платежни сметки.

    Граѓаните, пак, од 10 септември нема да плаќаат надомест за препис на патен налог. А, за добивањето потврда за поседување промет и состојби на сметка ќе ги чини 100 денари, наместо досегашните 350 денари.

    Претходно, од петти септември, се вели во известувањето од Банката, „со цел дополнителни заштеди за физичките и правните лица и олеснет пристап до европските пазари, ја намаливме тарифата и за СЕПА кредитните трансфери, олеснувајќи го меѓународното работење под уште поатрактивни услови“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично