Главниот извршен директор на ВФП Фонд Менаџмент, Петар Андреевски, купил уште 30 акции од „Реплек“. Со фармацевтската компанија, од која во сопственост има 100 акции, го поврзува членувањето во Надзорниот одбор.
„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува:
Член на Надзорниот одбор на Реплек АД Скопје, Петар Андреевски се стекна со 30 нови акции при што вкупно поседува 100 акции“ – известија од компанијата преку Македонска берза.
Од февруари минатата година, кога ја стекна првата акција, Андреевски повремено се јавува како купувач на фармацевтските хартии од вредност.
Просечната цена на оваа акција е 15.990 денари, постигната на последното тргување забележано на 25 август.