ПОВЕЌЕ

    Управниот одбор на Скопски пазар доби нов шестгодишен мандат

    Време зa читање: < 1 минутa

    Со Скопски пазар и во наредните шест години ќе раководи досегашниот состав на Управниот одбор. Актуелниот мандат им завршува на 25, а новиот почнува на 26 август. Одлуката за реименување е донесена од страна на Надзорниот одбор.

    Тимот на Управниот одбор го сочинуваат: Младен Дамев кој е во функција на претседател и членовите Велимир Шиповиќ, Озџан Даут, Арменд Етеми и Бесар Етеми.

    Информацијата за измените во органите на управување, од Скопски пазар ја споделија преку Македонска берза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично