Владимир Пецовски, во споредба со „Настел“, има поголем сопственички удел во „Реплек“. Разликата не е голема, моменталниот сооднос е 6,37 спрема 6,36 проценти. Промената настана по последните купопродажби: Пецовски купи четири, а „Настел“ продаде 66 акции.
Информацијата е споделена преку Македонска берза, а во неа е наведено
„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува:
Акционер со над 5% Пецовски Владимир се стекна со 4 нови акции, со што поседува вкупно 16.520 или 6,37% од вкупниот број на акции.
Акционер со над 5% односно компанијата НАСТЕЛ ДООЕЛ продаде 66 акции, со што поседува вкупно 16.491 или 6,36% од вкупниот број на акции“.
Слична објава имаше и кон крајот на минатиот месец, кога од фармацевтската компанија известија дека Владимир Пецовски, братот на генералниот директор, со купените 11, поседува 16.516 акции (6,37%), а градежната фирма по продадените 600 – останува со 16.601 акција (6,4%).
Веќе е познато, Пецовски во континуитет го зголемува сопственичкиот процент. А, „Настел“ на бизнисменот Зоран Азманов, нешто повеќе од една година продава и се ослободува од акциите на „Реплек“. Лани во јули, кога стартуваа продажбите, имаше 24.270 акции и 9,36 отсто сопственост.
Не е познато по која цента тие ги продале, односно купиле акциите. Но, според денешната официјална берзанска листа, просечната цена за акција е 15.990 денари.
Аналитика








