ПОВЕЌЕ

    Раде Кончар-Апаратна техника на Листата за набљудување

    Време зa читање: < 1 минутa

    Раде Кончар-Апаратна техника е внесено на берзанската Листа за набљудување. Причина за тоа е намерата од страна на Раде Кончар-ТЕП да даде понуда за целосно преземање на ова целно друштво.

    „Ве известуваме дека донесен е заклучок за внесување на издавачот Раде Кончар- Апаратна техника АД Скопје на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

    Внесување на друштвото Раде Кончар- Апаратна техника АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавената намера за давање понуда за преземање на друштвото“, соопштија од Македонска берза.

    Во вчерашната информација од Раде Кончар-ТЕП беше наведено дека се со намера да ја објават понудата за преземање на целното друштво Раде Кончар-Апаратна техника, по цена од 2.435 денари за акција. Тоа ќе се случи откако Комисијата за хартии од вредност ќе ја издаде потребната дозвола.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично