Раздвижување во доменот на нетрговските трансфери. Минатата недела нови сопственици добиле 12.518 акции издадени од 17 друштва што котираат на Македонска берза. Сите се обични, освен 200 кои се приоритетни.
Акциите од девет компании се подарувале во три наврати. И тоа во истите денови – понеделник, среда и четврток, се гледа од податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност.
Овде се акциите на Либерти АД Скопје: 738, па 494 и уште 211. Тие се и најбројни, вкупно 1.443, а нивната просечна единечна цена е 10 денари. Што се однесува до тргувањето, во последните 52 недели имало 13 трансакции.
Со знакот на Макстил се 994 акции (509, 340, 145). Секоја вредни по просечни 134,95 денари.
Во споменатите денови се подарувани или наследувани 443, 296 и 126 обични акции на АрцелорМиттал (ХРМ), сѐ заедно 865. Овие акции немаат просечна цена, поради тоа што компанијата е долгорочно суспендирана од котација.
Не се тргува многу, но зачестени се трансферите со акциите на Тутунски комбинат АД Прилеп: 162, 124 и 120, или вкупно 406 акции. Нивната просечна цена е 290 денари.
Акциите, пак, на градежникот Гранит АД Скопје и се тргуваат и се подаруваат. Минатата седмица 399 (30 + 5 + 364). А, вредноста е со просек од 1.740 денари.
Во оваа група се и Уготур – 24, 16 и 7 обични акции (вкупно 47), како и три компании со предзнакот РЖ. Станува збор за РЖ Интер-Трансшпед со 45 акции на број, а распределени – прво 23, па 16 и потоа уште 6; за РЖ Економика: 22, 14 и 6 обични акции (вкупно 42); и за 17 акции на РЖ Техничка контрола (9, 6 и 2 обични акции).
На двапати е вршен пренос на сопственоста кај акциите на три друштва. Во оваа група се забележани акциите кои се меѓу најтргуванигте на Берзата.
Во статистиката на Централниот депозитар се влезени 246 акции од Алкалоид. Во вторникот 182, па во петокот уште 64 обични акции. Имаат просечна вредност од 26.636 денари.
Во истите тие денови се трансферирани 286 и 32 обични акции на Комерцијална банка (318), чија просечна цена е 28.448 денари.
Минатиот вторник се евидентирани 8, а во средата 64 обични акции со знакот на Макпетрол АД Скопје. Овие 72 акции вредат скоро 136 илјади евра, со оглед на единечната просечна цена од 115.999,62 денари.
Меѓу побројните трансферирани акции се и издадените од Македонски Телеком. Евидентирани се 916 обични акции. Последната просечна цена за акција е 429,96 денари.
Следуваат два банкарски акции: 200 приоритетни на Стопанска банка Скопје и 106 обични акции на НЛБ Банка.
Процесуирани се и 100 обични акции од винаријата Тиквеш АД Кавадарци. Исто така и 65 на Раде Кончар- Апаратна техника, 53 обични акции на РЖ Услуги и 28 обични акции на ГТЦ АД Скопје.
Минатата работна недела во нетрговските трансфери се заведени и 9 обични акции издадени од УНИ Банка.