ПОВЕЌЕ

    КРЕДИТЕН РАСТ И СОЛИДЕН ПРОФИТ: НЛБ Банка со полугодишна добивка од 26,2 милиони евра

    Време зa читање: 4 минути

    Со силна пазарна позиција и стабилен раст на клучните показатели, НЛБ Банка ја заврши првата половина од годинава со нетодобивка од 1,61 милијарда денари или 26,2 милиони евра, што претставува значаен финансиски резултат. Притоа, Банката пресметала и вкупен данок од 231,96 милиони денари (3,8 милиони евра), според ефективна даночна стапка од 15 проценти, која го вклучува и новиот глобален минимален данок воведен кон крајот на 2024 година.

    Добивката во нето износ е пониска за 1,9 отсто споредено со минатогодишното прво полугодие. Додека, пак, бруто износот од 29,95 милион и евра, посочуваат од НЛБ Банка, „е благо зголемен во однос на истиот период од претходната година“.

    Зголеменото граѓанско штедење, зголемената бројност на пензионерите кои пензијата ја добиваат преку НЛБ Банка, како и воопшто растот на отворените сметки, се рефлектира кај депозитната база. Поголема е за 16,1 насто и достигнува 106.798.143 илјади денари, односно 1,73 милијарди евра. Раст бележат и депозитите од банките, кои изнесуваат 28,6 милиони евра.

    Промени во Управниот одбор на НЛБ Банка: Бојан Стојаноски меѓу новите членови

    На крајот од јуни, во рамките на небанкарскиот сектор е регистрирана  кредитна поддршка од 90.430.838 илјади денари. Тоа е еднакво на 1,47 милијарди евра. За една година подобрувањето е измерено со 18,9 проценти, а во апсолутен износ разликата е 233,7 милиони евра. Силниот кредитен раст, велат од Банката, започнал од третиот лански квартал и оттогаш динамика не е променета.

    Растот на кредитите пласирани кај нефинансиските друштва на годишно ниво изнесува 25 %, додека растот на кредитите пласирани кај домаќинствата изнесува 14,1 %, при раст на станбените кредити од 18,7 % и раст на потрошувачките кредити од 14,3 %“, наведуваат од НЛБ Банка.

    Вкупните приходи од работење на Банката во првото полугодие изнесуваат 56,6 милиони евра, што е раст од 4,1 насто.

    Најголемите приливи доаѓаат од пресметаните и наплатени камати. Оттаму, нето каматните приходи достигнуваат 39,2 милиони евра, проследени со раст од 3,7 проценти споредено со претходната година. Тоа е сумата од која се минусирани трошоците за исплатените камати. А, како приход од каматите Банката евидентирала 45 милиони евра со годишно зголемување за 6,3 насто. Тоа произлегува од поголемата кредитна активност и кај правните лица и кај населението. Расходите за камати се повисоки за 27,7 насто како резултат на зголемената депозитна активност на секторот домаќинства.

    ПРОДАЖБАТА БЛЕСКА, ПРОФИТОТ СЕ ГУБИ – Добивката на Сваровски за една година паѓа за 65,8%, иако приходите скокаат за 70%

    Од дадените и наплатени услуги или по основа на провизии, Банката остварила нето приходи од над 19 милиони евра. Споредено со првата половина од 2024 година, резултатот е повисок за 0,5 насто. Во овој сегмент приходите се намалени за 3,6 отсто, а расходите за провизии се намалени за 10,2 отсто.

    Останатите некаматни приходи се во износ од 5,1 милион евра. За 17,8 насто се поголеми од споредбениот лански период.

    Во првите шест месеци од годинава, оперативните трошоци на Банката пораснале за 11,8 проценти и изнесуваат 24 милиони евра. Расходите за вработените се над 11 милиони евра (+9,4 %), а останатите расходи од дејноста се повисоки за 7,9 насто.

    Во хартии од вредност – државни обврзници и записи, Банката вложила 307,5 милиони евра. За 16,6 проценти повеќе отколку пред една година.

    На 30 јуни, вкупната актива на НЛБ Банка достигнала 136,6 милијарди денари, односно 2,22 милијарди евра. Годишната промена е изразена со дополнителни 18,5 проценти. Тоа е „резултат на успешно спроведување на активностите за остварување силен раст на бизнисот и целосна поддршка на потребите на клиентите“, велат од Банката.

    Воедно, додаваат, и натаму ќе ги поддржуваат реалниот сектор и граѓаните, најавуваат и интензивирање на дигиталните трансформации. Во фокусот се и ESG – зелените кредити за инвестиции во обновливи извори и во активности за подобрување на животната средина.

    „Одржливоста е витален елемент на основните вредности на Банката: се развиваме, поттикнуваме претприемништво, го подобруваме животот, порачуваат од НЛБ Банка.

    СЛАТКАРНИЦА СО ПРОМЕТ ОД 247 ИЛЈАДИ ЕВРА – Рецептот за успех е кај Бајро во „Палма“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично