ПОВЕЌЕ

    По последните купо-продажби – Владимир Пецовски и Настел со речиси ист удел во Реплек

    Време зa читање: 2 минути

    Се менува полека акционерската структура во Реплек. Владимир Пецовски го зголемува, а Настел го намалува сопственичкиот удел. По последните трансакции, скоро и да е изедначен бројот на акции и процентите што се во нивна сопственост.

    Пецовски, братот на генералниот директор, во моментот поседува 16.516, а градежната фирма Настел – 16.601 акција. За промените, од Реплек информираат преку Македонска берза.

    Во првиот дел од објавата пишува: „Акционер со над 5% Пецовски Владимир се стекна со 11 нови акции, со што поседува вкупно 16.516 или 6,37% од вкупниот број на акции“.

    А, во вториот дел е наведено: „Акционер со над 5% односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 600 акции, со што поседува вкупно 16.601 или 6,4% од вкупниот број на акции“.

    Практика на Пецовски, според известувањата, е одвреме-навреме да купи по неколку акции. Претходно, на почетокот од месецов купи пет акции, а пред тоа, на крајот од јуни – 40 акции. На тој начин во континуитет го зголемува сопственичкиот процент.

    Наспроти него, Настел на бизнисменот Зоран Азманов веќе цела година е во улогата на продавач. На пример, лани во јули имаше 24.270 акции, кои му обезбедуваа сопственост од 9,36 отсто.

    Просечната цена за акција на фармацевтската компанија е 15.026,67 денари. По последното тргување (со датум од 22 јули) вредноста е намалена за 0,48 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично