ПОВЕЌЕ

    Бојан Стојаноски се повлекува од раководството на Стопанска банка Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Досегашниот генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје, Бојан Стојаноски, поднел оставка на функциите. Оваа информација Банката ја сподели преку Македонска берза.

    Стојаноски се повлекува од Управниот одбор една година пред истекот на четиригодишниот мандат. За член во раководното тело беше реизбран во март 2022 година.

    Тој е искусен банкар кој речиси три децении работи во финанскискиот сектор. Во редовите на скопската Стопанска банка, односно на функциите кои сега ги напушта, е од 2020 година.

    Претходно, кариерата успешно ја градел во Халк Банка, каде што исто така бил на значајни позиции – директор на Сектор за кредитирање, Секторот за финансиско управување и планирање, Секторот за управување со лоши пласмани, Секторот за управување со средства и ликвидност, како и на Секторот за маркетинг и продажба.

    Пред тоа, пак, искуство стекнувал во КБ Прво пензиско друштво, каде што исто така бил на висока позиција – член на Управниот одбор и втор генерален директор.

    Стојаноски е магистер по економски науки во областа на финансиски менаџмент, при Економскиот институт на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично