ПОВЕЌЕ

    Мицкоски: Царината наплати над две милијарди евра, парите се враќаат кај народот, не одат во нечии џебови

    Време зa читање: 3 минути

    Повеќе од две милијарди евра наплатила Царината во текот на минатата година. Приходите се за 105 милиони евра подобро во споредба со претходната 2023 година. Тоа е резултат на принципиелна работа, на раководење без калкулации, на борба со сивата економија и корупцијата, подвлече премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на настанот во Царинската управа, каде што се презентираа резултатите од одработеното во изминатиот едногодишен период.

    Еден од столбовите што го градат новото време, што ги поставува темелите на промените, е токму Царинската управа, посочи Мицкоски, додавајќи дека податоците сами по себе многу говорат.

    „Во текот на изминатата година, наплатени се приходи во висина од над две милијарди евра, а тоа се 105 милиони евра повеќе отколку во истиот период претходно. Тоа не е случајно. Тоа е резултат на принципиелна работа, на раководење без калкулации, на борба со сивата економија и корупцијата, и на јасна политичка определба – парите да одат кај граѓаните, а не во нечии џебови.

    Затоа, денес растат приходите од царина за 15,2 проценти, од акцизата растат за 7,1 процент…“, нагласи Мицкоски

    Според него, тие бројки значат повеќе за пензии, за плати, за болници, училишта, патишта и за иднината на нашите деца. „Тие пари до вчера завршуваа во сивата економија. Денес се враќаат кај народот“.

    Исто така, потенцира, бројките се доказ дека се води борба со сивата економија и со криминалот:

    „Се отвори и борба против сивата економија и криминалот, а за тоа говорат и бројките кои се споменаа дека до Основното јавно обвинителство и до Обвинителството за организиран криминал се поднесени 181 кривична пријава. Тоа е речиси четири и пол пати повеќе во однос на годината претходно. Тоа е сигнал дека институциите конечно работат. Не затвораат очи, туку дејствуваат.

    Ова не се само бројки. Ова е доказ дека Македонија се буди, дека системот конечно проработува. Ова е потврда дека ги градиме темелите на промените“.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично