Има промени кај функциите на постојните членови што се во составот на Надзорниот одбор, информираа од Македонија осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп. Тоа е направено врз основа на одлуката донесена на Годишното акционерското собрание на Друштвото, што се одржа на почетокот од месецов.
По извршената промена ова раководно тело го сочинуваат: Кристоф Ратх – претседател, кој претходно бил независен, а сега е член на Надзорниот одбор; Габор Лехел – потпретседател и по ново член; Филип Бардас – член; Андреја Јосифовски – член; Зоран Димов – независен член; Реинард Гојер – со промената од член станува независен член.
Во известувањето објавено на Македонска беррза, од Друштвото посочуваат дека промената е запишана во Трговрскиот регистар што се води при Централниот регистар.