ПОВЕЌЕ

    Ѓердовска и Божиноска купија по 500 акции од „Гранит“

    Време зa читање: 2 минути

    Катерина Ѓердовска и Виолета Божиноска, членови на раководните тела на „Гранит“ купиле по 500 обични акции издадени од градежната компанија.

    „Согласно член 34 од правилата за котација известуваме дека членот на Управниот одбор на ГД Гранит АД Скопје, Катерина Ѓердовска се стекна со 500 обични акции од издавачот на хартии од вредност друштвото ГД Гранит АД Скопје и членот на Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје, Виолета Божиноска се стекна со 500 обични акции од издавачот на хартии од вредност друштвото ГД Гранит АД Скопје“, се вели во информацијата споделена преку Македонска берза.

    Ѓердовска е директор на Секторот за финансии и член на Управниот одбор од 2020 година.

    Божиноска е член на Надзорниот одбор, со повеќедецениски стаж во „Гранит“. И со искуство во работењето и на Управниот и на Надзорниот одбор во повеќе мандати.

    Последната просечна цена на акцијата на „Гранит“ (од 18 јуни) е 1.799,56 денари, со дневен раст од 0,01 процент. Според берзанските податоци, во текот на последните 52 недели се регистрирни 576 трансакции (без блокови) со 73.984 акции и промет од 127.723.610 денари, или над два милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично