ПОВЕЌЕ

    „КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ НА САД ПАДНА – дали следи нова глобална криза?“ – Петар Андреевски во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    САД го загубија својот врвен кредитен рејтинг од три А (ААА) и од третата водечка светска агенција Moody’s. Ова значи дека прв пат по 100 години Америка нема највисок рејтинг од ниту една од трите водечки светски кредитни агенции. Но, што значи ова намалување на рејтингот за американските обврзници, за светските пазари и дали навистина „Ако Америка кива, целиот свет настинува“? Петар Андреевски од ВФП Фонд Менаџмент во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ објаснува што ова значи и дали сме на праг на нова, голема светска криза или сепак ова не е опасно.

    „Да бидеме јасни, кредитниот рејтинг кој е намален за еден степен на американската економија, не значи голем ризик на самиот пазар на капитал, тоа е минимална промена. Економијата во Америка останува најконкурентната економија во светот. Три параметри интересни ќе ви кажам. 4% од населението во светот е во Соединетите Американски Држави, имаат 25% од светскиот GDP, а имаат 80% од асетите кои во светот се инвестираат се токму на американската берза, односно на американскиот пазар на капитал. Исклучително развиен пазар на капитал, најдобро светско образование, најконкурентно светско образование, одлични соседи, како што вика Ворен Бафет, Never bet against America. Не би сакале да се опкладите против Америка, Америка ќе продолжи добро да се развива, независно од тоа дали се републиканците или демократите на власт. Имаат едноставно модел кој ги препознава претприемачите и ги поддржува претприемачите, што значи раст на економијата. Така да во принцип не се очекува некоја голема дестабилизација на Америка“

    Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.

    Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично