ПОВЕЌЕ

    „Goldman Sachs открива каде да ги вложите парите во време на инфлација“ – Петар Андреевски за „Каде се парите?“

    Време зa читање: 3 минути

    Најголемата светска инвестициона банка Goldman Sachs ги советува инвеститорите каде да вложат во услови за да се има подобра заштита од инфлацијата. Петар Андреевски од ВФП Фонд Менаџмент во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ детално објаснува како да ги прилагодите вашите вложувања во новата економска реалност каде инфлацијата станува наш секојдневен сопатник.

    „За разлика од минатите десет години кога имавме инфлација од приближно нула и практично државите се бореа да ја забрзаат бидејќи таа значи ако е во нормални размери и раст на економија. Меѓутоа, во идниот период се очекува дека таа ќе живее со нас и ние треба да ги прилагодиме нашите финансии или нашите индивидуални портфолија да бидат отпорни на таа инфлација и да успееме заедно со приносите кои ќе ги оствариме преку акции и обврзници и инвестициите во злато да успееме да направиме реален принос што би значело да направиме принос поголем од инфлацијата….

    Се намалува изложеноста на нафта. Сепак го задржуваат како дел од портфолиото… Изложеноста према нафта треба да биде околу 1 до 2%…  да биде некаде помеѓу 4-5% да биде изложеноста на злато. Еден интересен факт кој го направи вчера во интерес на поткастот како анализа, од 1986 година до денес глобалните акции, значи MSCI World, има реален принос 5.1% на годишно ниво, што е најголем принос над инфлацијата. Зборуваме реален принос над инфлацијата, одземена инфлацијата. Втора по приносот од сите класи на инвестирање, ја земав недвижнините во Виена, бидејќи од 1986, не сме имале развиен пазар на недвижнини во Македонија, од 1986 до денес реалниот принос е 2.3%, значи некаде половина од глобалните акции, со една помала волатилност, кај акциите има поголема волатилност во светските кризи, а златото има точно 1.5% реален принос, значи испорачан принос над инфлацијата. Затоа овие класи на инвестирање се добри доколку бидат присутни во вкупното портфолио на инвестирање.“

    Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.

    Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично